unicef

28.03.2024 Скопје

Претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани со отворено писмо до сите партии во пресрет на изборите им укажа дека имаат можност да ги стават децата, младите и семејствата во изборните програми и да дадат конкретни ветувања за секое дете. Според неа, изборите претставуваат можност да се изработат политики кон младите и децата што ќе резултираат со подобри услови за живеење, образование, раст и развој. Таа вели дека децата сочинуваат дваесет проценти од резидентното население од 1,84 милиони жители, што изнесува околу 180.000 девојчиња и 192.000 момчиња под 18 години.

„Децата се важен дел на општеството и покрај тоа што всушност не гласаат токму сега. – Во не толку далечна иднина, тие ќе бидат лидери на своите семејства, заедници и на земјата. Не само што ќе ја обликуваат иднината на земјата, туку и ќе формираат важни политички ставови врз основа на овие избори“, вели претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани.

Ди Џовани ги потсетува политичките партии на последните препораки од Комитетот за правата на децата како координација, недискриминација, да нема насилство врз децата, да се води грижа за децата со попреченост, и да има загарантирани здравствени услуги и дека овие препораки можат да се користат за дефинирање на клучните и приоритетни политики во изборните програми на секоја една партија, се вели во писмото.

„Многу критични реформи бараа, но и натаму ќе бараат повеќегодишна посветеност од сите носители на одлуки како што се воведувањето на Европската детска гаранција, образовната реформа; реформата на системот за детска заштита, правосудните и други законодавни реформи; реформите за подобрување на пристапот до програми за превентивна здравствена заштита на децата, и други реформи за поддршка на семејствата, вклучително и семејствата на децата со попреченост“, вели претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани.

Според ДиЏовани,сите партии се одговорни за услоивите за  децата и младите луѓе со цел да им се овозможи  да ги искористат своите потенцијали.

Подготвено од М.Д.

About Author