07.03.2024 Скопје
Денеска и утре на сцената на Националната опера и балет ќе се одржи двојна изведба на балетската бајка „Заспаната убавица“ преточена во музика на Петар Илич Чајковски.
Диригент на претставите е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко, асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн, Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, соло виолина е Климент Тодороски, а соло виолончело, Кирил Јосифов.
Во главните улоги на 7 март ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и гостинот од Бугарија, Емил Јорданов. Додека на 8 март за првпат во главните улои ќе настапат Христина Наќевска и Балаж Лочеи од Унгарија.
Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
Подготвено од М.Д.