https://www.freepik.com/free-photo/place-flying-sunset-sky_1145580.htm#query=plane&position=7&from_view=keyword

12.03.2024 Скопје

Патниците во Германија денеска се соочени со нови проблеми во превозот поради симултаниот штрајк на „Дојче Бан“ и „Луфтханза“.

„Дојче Бан“, националниот железнички превозник, објави дека сообраќаат само 20 отсто од возовите на долги релации.

Се наведува дека штрајкот, кој го организираше синдикатот ГДЛ, влијае и на регионалниот и на приградскиот железнички сообраќај.

Покрај нив, да престане со работа се одлучи и кабинскиот екипаж на Луфтханза во Франкфурт, каде се наоѓа најфреквентниот аеродром во Германија.

Поради овој штрајк беа откажани околу 600 летови, а „Луфтханза“ објави дека поради него на 70.000 патници им беше откажан летот. Денешниот 24-часовен штрајк се вели дека е шести по ред во последните месеци на машиновозачите и другите работници во железницата поради спорот за платите и работното време.

Синдикатот ГДЛ бара да се намали бројот на работни часови од 38 на 35 неделно без намалување на платите.

По неколкунеделни преговори, ГДЛ го отфрли предлогот за постепено намалување на бројот на работни часови од 38 на 36 до 2028 година.

„Штрајкот наместо да се преговара е неприфатливо“, изјави министерот за транспорт во владата на германскиот канцелар Олаф Шолц.

Соопштено е дека синдикатот на кабинскиот персонал на Луфтханза (НЛО) соопшти дека нивниот штрајк нема да го погоди само аеродромот во Франкфурт, туку и Минхен, каде утре се очекуваат прекин на летовите.

За два дена треба да бидат откажани вкупно 1.000 летови.

Синдикатот на НЛО бара зголемување на платите за 15 отсто со нови преговори кои ќе се водат по 18 месеци, како и еднократна помош од 3.000 евра за околу 18.000 членови поради ефектите од инфлацијата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author