avtomobili

21.03.2024 Скопје

Во Европската унија, Србија, Турција и Велика Британија годишно се произведуваат речиси 16,4 милиони автомобили во 104 фабрики, покажуваат податоците на Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA).

Статистиката на ACEA врз основа на бројки од 2022 година опфати 27 членки на ЕУ, како и Србија, Турција и Велика Британија. Со една фабрика, фабриката „Стелантис“ во Крагуевац, Србија е во група со Хрватска, Словенија, Австрија, Финска и Полска.

Од вкупно 20 земји во кои се произведуваат возила, Германија и понатаму има најмногу фабрики – 24. Следува Велика Британија со 19, Франција со 12, а Италија и Шпанија со девет, односно осум.

По четворица производители имаат погони во Чешка, Словачка и Турција и по три фабрики во Белгија и Унгарија. По две фабрики беа изградени во Холандија, Португалија, Шведска и Романија.

Германските фабрики главно произведуваат автомобили кои се првично германски марки, имено BMW, Volkswagen, Audi и Mercedes Benz, но и Škoda и Opel, но има и погони за производство на автомобили Ford и Stellantis и една фабрика за електрични возила Tesla во близина на Берлин.

Сепак, некои од овие брендови сега припаѓаат на мултинационални компании, на пример Opel, чие седиште се уште е во Германија, но е дел од Stellantis.

Слично е и во другите големи европски земји каде доминираат домашните брендови. За разлика од нив, во Чешка, Словачка, Турција се произведуваат и автомобили Hyundai, Toyota, Kia, а во Унгарија, Suzuki. Хрватска има своја фабрика на производители, групацијата Римац.

Кога станува збор за производителите, најмногу капацитети за производство на автомобили во Европа се во сопственост на германскиот Volkswagen и мултинационалната Stellantis групација, која се води како холандска компанија и е создадена со спојувањето на Fiat-Chrysler и францускиот концерн PSA. Тие два концерни имаат по 20 фабрики за производство на автомобили во Европа.

По нив следуваат Renault со осум, BMW со шест и Toyota со пет.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author