26.03.2024 Скопје
Од почетокот на ноември во Црна Гора се регистрирани 813 случаи на голема кашлица, соопшти Институтот за јавно здравје.
Од Институтот соопштија дека кај 700 лица болеста е потврдена со лабораториски средства /PCR или серолошки анализи/, додека кај 113 болеста е пријавена врз основа на развој на карактеристични симптоми на болеста по близок контакт со пациентот.
„Најголемо учество на заболени има во возрасната група од 11 до 15 години – 289, потоа од 26 до 64 години – 135, од 16 до 20 години – 119 и во групата од шест до десет години – 116“, стои во соопштението.
Од Институтот за јавно здравје соопштија дека најголем број случаи се откриени во Подгорица – 577, Бар 42, Даниловград 37, Беране 33, Никшиќ 31, Котор 19, Цетиње 16 и Будва 13.
Подготвено од А.Ѓ.