26.03.2024 Скопје
Повеќе од сто трактори беа возени низ Лондон и околу Вестминстерската палата во најголемиот протест досега од британските фармери, кои тврдат дека нивната влада не помага доволно за производството на храна.
Зад протестот во понеделник стојат организациите „Save British Farming“ и „Fairness for Farmers“ од округот Кент, кои тврдат дека увозот на евтина храна и немањето јасна владина поддршка ја загрозуваат безбедноста на снабдувањето со храна во Велика Британија.
Фармерот Колин Рејнер изјави дека владиниот фокус на екологијата при распределбата на земјоделството е штетен за цените на домашното производство, особено затоа што се увезуваат производи кои подлежат на пониски стандарди за производство.
Министерот за земјоделство Марк Спенсер изјави дека земјоделството е во срцето на британската трговија и најави нови мерки за ограничување на количината на земјиште што е исклучено од производство поради еколошки потреби.
„Производството на храна е главната цел на земјоделството и денес го појасниме овој принцип“, посочи Спенсер.
Владата соопшти дека најмалку 60 отсто од храната што ја консумираат Британците ќе се произведува во нивната земја.
Подготвено од А.Ѓ.