it sektor

08.03.2024 Скопје

Истражувањето кое ги сумира одговорите на клучните носители на одлуки од 120 ИТ компании покажува дека сите вработени во ИТ секторот очекуваат добри придобивки: повеќе од половина од компаниите (53%) планираат да ги зголемат платите за 10% оваа година, од кои 28% веруваат дека тие ќе изнесуваат повеќе од 10%, додека 3% од компаниите планираат раст од над 20%.

Така, се очекува платите во ИТ секторот да продолжат да растат. Освен тоа, она што ја прави работата во оваа област уште поатрактивна се многу други поволности, како што се доброволното здравствено осигурување, кое го уживаат дури 71% од вработените, можноста за работа од дома, која ја користат речиси 90% од ИТ работници, флексибилно работно време, во кое уживаат 66% од вработените, како и пристап до различни програми за вежбање и релаксација.

Треба да се додаде и дека ИТ секторот е пред нова фаза на раст. Имено, минатогодишниот бум создаден од вештачката интелигенција и машинското учење во бројни индустрии, од автомобилската до медицинската, доведува до зголемена побарувачка за експерти од оваа област: според релевантните очекувања, во следните пет години најбарани занимања треба да бидат занимања поврзани со работа со ВИ и МЛ.

За да станете дел од светот на ИТ, потребно е да стекнете квалитетно образование и добро да се подготвите за вашето идно занимање.

Покрај вредно студирање, за да започнете успешна ИТ кариера, треба да стекнете дополнителни деловни вештини, како и да можете да го примените своето знаење во пракса.

Одличен доказ дека имате токму такви вештини е поседувањето на признати меѓународни сертификати од големи меѓународни ИТ компании и организации како што се Microsoft, Zend, Adobe, Oracle, Autodesk, CompTIA, Linux Professional Institute, Certiport, Python Institute, CIW, ICM, ISTQB, Unity и други. Со комбинирање на таквото знаење и сертификати, ќе се издвоите од вашите конкуренти и ќе бидете чекор поблиску до ново работно место во споредба со нив.

Она што е добра вест за сите кои сè уште не одлучиле што сакаат да прават, но и за оние кои би сакале да ја променат кариерата, е тоа што најбараните вештини денес можат релативно брзо да се достигнат. Според досегашното искуство, потребно е само нешто помалку од една година за да го добиете знаењето што ви е потребно за да ја најдете вашата прва работа во областа на ИТ, под услов да најдете квалитетно училиште.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author