25.03.2024 Скопје
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски вечерва ја презентираше изборната програма „Платформа 1198“ , која симболично го означува бројот на најавени проекти. Како што рече, програмата се базира на 5 клучни столба. Активна и постојана борба за квалитетен животен стандард, борба против корупција, институции кои ќе работат според законите, обезбедување на функционален систем за граѓаните и заеднички патриотизам кој во суштината е патриотизам кој обединува. Најдоминантно значење, како што кажа Мицкоски, во програмата има економијата. Најави намалување на даноците односно Македонија да биде меѓу земјите со најниски даноци за фирмите и граѓаните.
Мицкоски во своето обраќање рече и дека е дојдено вистинското време, во услови кога треба да се штеди, парламентот да се сведе на 90 пратеници, а во иднина да се исполни барањето на помалите политички партии за една изборна единица.
Во областа на земјоделието, програмата се залага за поддршка на малите и средните земјоделски производители, со фокус на технолошките иновации, Во секторот енергетика, Платформа 1 198 промовира користење на различни и еколошки извори на енергија, во делот на екологијата рече ќе се предлагаат конкретни политики во насока на зачувување на природните ресурси, борбата против климатските промени и подобрувањето на квалитетот на животот. Во доменот на инвестициите, ќе биде промовиран концепт за откриванње и привлекување на домашни и странски инвестиции кои ќе ѝ дадат нова енергија на економијата.Во однос на демографијата и спречувањето на исселувањето се предвидуваат мерки со кои ќе се генерираат услови за намалување на исселувањето на краток рок, а на среден ќе се овозможи повторно враќање на оние кои веќе си заминаа од своите родни огништа. Мицковски најави и модифицирање на мерката „Купи куќа за млади“.
На обраќањето на Мицкоски му претходеа пет партиски дебати за различни области.
Подготвеноод М.Д.