https://www.facebook.com/messenger_media?thread_id=100000262982700&attachment_id=853883569187962&message_id=mid.%24cAABa8yAnDCyJHBHKk2C6sx16lqTg

23.03.2024 Скопје

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање го потврди Ѓорѓија Сајкоски за носител на ВМРО-ДПМНЕ во петтата Изборна единица.

„Во однос на носител во петтата Изборна единица можам да го потврдам Ѓорѓија Сајкоски генералниот секретар на партијата ВМРО-ДПМНЕ за носител во петтата Изборна единица. Сметам дека имаме одлично решение, тој долги години беше еден од најуспешните претседатели на Општински комитети во ВМРО-ДПМНЕ, го водеше Општинскиот комитет во Кичево кој секогаш постигнува фантастични резултати за ВМРО-ДПМНЕ. Како генерален секретар е дел од оваа нова приказна на ВМРО-ДПМНЕ која ќе значи убедлива победа на претседателските и парламентарни избори. Така што во петка одиме со Сајкоски“, истакна Николоски.

Носител во ИЕ1 е лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, носител во ИЕ2 потпретседателот Владо Мисајловски, во ИЕ3 носител е пратеникот Драган Ковачки, во ИЕ4 носител ќе биде потпретседателот Александар Николоски, а во ИЕ6 пратеничката Дафина Стојаноска.

Чест и задоволство ми е да ја предводам победничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за “Обнова на Македонија” во Изборната единица 5. Одговорноста е голема, благодарам за укажаната доверба. Заедно сите да го изодиме патот до големата историска победа! Време е за победа на Република Северна Македонија, да дадеме се од себе затоа што Македонија е нашата татковина, се огласи Сајкоски.

Подгорвено од М.Д.

About Author