https://www.flickr.com/photos/fosim/49322082661

12.03.2024 Скопје

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и официјално ги потврди имињата на носителите на пратеничките листи. Листата во првата изборна единица ќе ја предводи тој самиот, во втората носител ќе биде Владо Мисајловски, во третата Драган Ковачки, во четвртата Александар Николоски, а во шестата Дафина Стојаноска.

За петтата вели дека сѐ уште размислуваат, а како една од можните опции се спомува Ѓорѓија Сајкоски. Тврди дека ќе водат позитивна кампања и обвини дека СДСМ водат црна кампања  насочена директно кон него. И покрај тоа, не верува во трета опција за гласачите.

Мицкоски вели и дека, доколку победи на изборите, е подготвен повторно да разговара и со Брисел и со Софија за отворените прашања. Но, Социјалдемократите не му веруваат.

Рокот за внатрепартиски анализи и пазарење истекува на 2 април на полноќ, до кога кандидатските листи треба да се поднесат до Државната изборна комисија.

Подготвено од М.Д.

About Author