Црна Гора

04.03.2024 Скопје

Владата на Црна Гора на телефонска седница го разреши Зоран Брѓанин, директорот на Полициската управа.

„Имајќи предвид дека Управата на полицијата, како организациона единица на Министерството за внатрешни работи, која работи согласно Законот за внатрешни работи, не може да остане без систем на управување, мандатот на директорот на полицијата ќе му заврши на 12 март 2024 година“, се наведува во синоќешното соопштение на Владата на Црна Гора.

Владата го задолжи министерот за внатрешни работи да распише јавен повик за в.д директор на полицијата од 4 март до 10 март.

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, по владината седница во петокот изјави дека Брѓан ја нема довербата на ниту еден член на Владата.

„Првиот заклучок од седницата на Владата е дека е наведено дека Владата го поддржува предлогот на министерот Данило Шарановиќ за разрешување на Брѓанин, врз основа на одлуката на Собранието. Едногласно“, изјави тогаш Спајиќ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author