https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/be/Macedonian_Government_%2841430079610%29.jpg/800px-Macedonian_Government_%2841430079610%29.jpg

21.03.2024 Скопје

Владата донесе одлука за намалување на коефициентите за пресметување на платата на функционери кои ги именува владата.

Одлуката е донесена на владина седница, а со неа, како што соопштија од „Илинденска“, се намалуваат коефициентите на платите на именувани функционери во владата, национални координатори и други функционери, на директори и други именувани лица на органи во состав на министерствата, на директори и други именувани лица на самостојни органи на државната управа, на раководни лица во управни организации, агенции, фондови и други правни лица основани со посебни закони, на казнено-поправни установи.

Од владата соопштија дека станува збор за усогласување на коефициентите на именуваните лица, согласно законот за изменување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во кои предвидува промена на коефициентите по кои се пресметува платата на избраните и именуваните лица.

Подготвено од М.Д.

About Author