14.03.2024 Скопје
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала утрово во 4 часот и 6 минути ја погоди Црна Гора, но не застана тука, во следните неколку часа се стресе уште 13 пати, но овие земјотреси беа со помал интензитет.
Ова го објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), а според нивните податоци забележани се земјотреси со јачина од 3,2, потоа 3,4 и оние нешто поблаги од три степени според Рихтеровата скала.
Како што соопшти Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија, епицентарот бил на пет километри југозападно од градот Чараѓе во општина Никшиќ, а фокусот на земјотресот бил на длабочина од 14 километри.
Инаку, според сеизмолозите, речиси секој силен земјотрес е проследен со низа помали последователни потреси со различна магнитуда.
Подготвено од А.Ѓ.