vakcinacija

18.03.2024 Скопје

Од денес децата со примени три дози од ДиТеПер вакцината се враќаат во градинките. Одлуката на министерството за здравство доаѓа по препораката на Комисијата за заштита од заразни болести од минатата недела, која ги олесни епидемиолошките мерки, но под услов да се прими ревакцината во рок од шест месеци.

Лекарите сепак потенцираат дека само со три дози децата немаат доволна заштита и апелираат родителите да ги вакцинираат согласно календарот за вакцинација.

Последните епдиемилошки оценки се дека состојбата со пертусис во земјава не е добра. Најновиот извештај на институтот за јавно здравје покажува дека бројката на заболени од голема кашлица во Скопје надмина двесте. Истовремено алармантно низок е и опфатот со МРП вакцината.

Епидемиолозите стравуваат од нова епимија и на морбили. Од Комисијата веќе алармираа дека доколку земјава се соочи со две епидемии истовремено, тоа ќе значи нова здравствена криза, но и поригорозни мерки.

Подготвено од М.Д.

About Author