dastevski-dik

13.03.2024 Скопје

На 18 март завршува увидот во Избирачкиот список и за претседателските и за парламентарните избори, а тогаш завршува и рокот за гласање во дијаспората.

Листите на кандидати за претседател на Република Северна Македонија, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК најдоцна на 19 март, до полноќ.

До 11 март вкупно 3.994 лица направиле проверка во Избирачкиот список во подрачните единици и канцеларии, шест лица барале промена на податоците, девет лица барале запишување на своите податоци во Избирачкиот список, а пет бришење. Од дијаспората досега за гласање се пријавиле 1.010 македонски граѓани, од кои прифатени се 617, необработени 278 и одбиени 115.

Подготвено од М.Д.

About Author