https://www.facebook.com/photo.php?fbid=318937450414953&set=pb.100068961018275.-2207520000..&type=3

29.03.2024 Скопје

Собранието усвои Декларација за НАТО, Левица порача дека членството на Република Северна Македонија во Алијансата е противуставно.

На само неколку дена од стартот на кампањата за изборите, законодавниот дом, со 87 гласа ЗА и два гласа ПРОТИВ, донесе Декларација за одбележување на четвртата годишнина од членството на Република Северна Македонија во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Собранискиот спикер Митрески претставувајки го документот пред пратениците порача дека одлуките за членство во НАТО биле тешки, но вредни.

„Преку остварување на оваа наша стратешка цел, која е мнозинска определба на сите наши граѓани, ние успеавме да ја заштитиме независноста, територијлниот интегритет, неповредливоста на меѓунорадно признатите граници на државата, но и да промовираме добрососедска политика и стабилност во поширокиот регион“, рече Митревски.

Влезот во НАТО е против уставот и против волјата на народот, порача Апасиев. Кажа дека НАТО е агресор кој го прекршува меѓународното право и повелбата на Обединетите нации. Порача дека Алијансата ги нападна Југославија, Либија,Ирак и дека не носи демократија и не штити од внатрешен судир.

Народот сакал да биде во НАТО. Не е точно. Не е испочитуван членот 120 од уставот, кој што вели, одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави е усвоена ако на референдум, за неа гласало мнозинство од вкупниот број на избирачи. Ние немавме референдум за НАТО задолжителен, онака како што бара уставот, или, имавме консултативен во 2018та, кој што немаше цензус и оттука уставниот услов за да влеземе во НАТО, не е испочитуван, рече Апасиев.

Апасиев претходно побара и тргање на декларацијата од дневен ред, но не беше поддржан. Република СевернаМакедонија на 27 март 2020год стана 30та членка на НАТО. Три дена по депонирањето на инструментот за пристапување во Стејт департментот, пред седиштето на НАТО во Брисел, беше подигнато македонското знаме и беше интонирана македонската химна.

Подготвено од М.Д.

About Author