prochka

18.03.2024 Скопје

Карневалот „Прочка 2024“ и годинава, по 22-ри пат, си ја исполни својата мисија. Во еуфорична, типично карневалска атмосфера, во Прилеп вриеше како во кошница.

Доследно на многувековната традиција и во христијански дух, прошка се бара, ама и се дава на сите страни. А многубројните маскирани учесници, „преправени“ во автентични и креативни маски, најчесто изработени од природни материјали, ги бркаа злите духови, кои, според верувањата, се беше одомаќиниле меѓу нас, од лани до годинава.

Традиционално, организаторите и гадоначалникот, пред да го означат стартот на карневалското дефиле, најпрвин побараа, но и дадоа простување на сите граѓани на Република Северна Македонија, особено во оваа изборна година.

Карневалот завршува со доделувањето на наградите за најуспешните, а додека денес, Здружението „Прилепски мечакри“ организира ручек со познатото посно „Касапско гравче“, со што и официјално се означува почетокот на Велигденските пости.

Подготвено од М.Д.

About Author