15.03.2024 Скопје
Министерството за здравство информира дека е направена уште една мултиорганска трансплантација на органи при што еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива.
Министерот Илир Демири упати огромна благодарност до семејството на донорот коешто се одлучи да ги донираат органите од нивниот близок и притоа да спасат најмалку четири животи.
Министерството за здравство посочува дека од 2020 година досега се трансплантирани вкупно 77 витални органи – 11 срца, четири црни дроба, 38 бубрези и 24 коскени ткива.
Подготвено од М.Д.