ungarija zabrana na uvoz od ukraina

07.03.2024 Скопје

Унгарија е против холандскиот премиер Марк Руте да стане генерален секретар на НАТО, изјави министерот за надворешни работи на земјата Петер Сијарто, со оценка дека тоа уште повеќе придонесува за неизвесноста за тоа кој ќе ја преземе челната позиција во Алијансата.

„Ние секако не можеме да го поддржиме изборот на позицијата генерален секретар на НАТО, личност која претходно сакаше да ја натера Унгарија да падне на колена“, рече Сијарто за Руте, кој е долгогодишен критичар на актуелната влада во Будимпешта.

Изјавите на Сјарто доаѓаат неколку дена пред Орбан да се сретне со Доналд Трамп во САД.

Од друга страна, Лондон, Париз и Берлин исто така ветија дека ќе ја поддржат кандидатурата на Руте за НАТО.

Земјите од источниот блок, лоцирани во близина на руската граница, не се убедени во изборот на Руте од различни причини – балтичките земји се незадоволни од недостатокот на посветеност на Руте кон холандските одбранбени трошоци, додека романскиот претседател Клаус Јоханис е незадоволен од долгогодишниот отпор на Холандија на неговата земја да се приклучи на Шенген зоната.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author