turski bespilotni letala

05.03.2024 Скопје

Украинското воено разузнавање соопшти дека украинските поморски беспилотни летала имаат оштетено патролен брод на руската Црноморска флота во близина на окупираниот Крим.

Разузнавачката агенција објави дека нејзината специјална единица Група 13 го нападнала патролниот брод на руската црноморска флота „Сергеј Котов“ во близина на Керченскиот теснец.

Во соопштението се наведува дека како резултат на нападите со поморски беспилотни летала Magura V5, рускиот брод 22160 Sergej Kotov претрпе оштетувања на задната и десната страна. Воедно, се додава и дека бродот вреди околу 65 милиони долари.

Андриј Јермак, началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека руската Црноморска флота е симбол на окупацијата.

„Не може да биде на украинскиот Крим“, очигледно мислејќи на нападот.

Сообраќајот на возовите е привремено прекинат на мостот што го поврзува полуостровот Крим со руското копно.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author