29.03.2024 Скопје
Украина би можела да загуби околу 331 милион евра приход од извозот поради условите на новиот царински договор со Европската унија.
Според податоците на Европската комисија, тоа ќе се случи доколку обемот на извозот на одредени земјоделски производи во Европската унија го надмине просекот за втората половина на 2021 година, а Брисел воведе вонредни царини за трговијата со овие стока со Украина.
Ова ограничување е дел од новата компромисна понуда за продолжување на бесцаринската трговија со Украина за уште една година, што претходно беше договорено од претставниците на земјите-членки на ЕУ.
Договорот мора да биде официјално одобрен од Европскиот парламент и Европската комисија.
Постои ризик договорот да не биде одобрен пред почетокот на јуни, кога истекува актуелниот договор.
Украина е еден од најголемите земјоделски производители во светот. Земјоделскиот сектор вработува 14 отсто од населението и остварува 41 отсто од вкупните приходи од извозот.
Подготвено од А.Ѓ.