18.3.2024 Скопје
Вооружените сили на Украина се повлекуваат од Донбас поради недостиг на муниција, изјави Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност на Белата куќа.
„Им снема муниција во Донбас, а сега се повлекуваат – кон втората и третата линија на одбраната. Русија продолжува да напредува кон запад. Ним им треба нашата поддршка и сега“, изјави Кирби.
Покрај тоа, тој истакна дека Соединетите Американски Држави се загрижени за намалувањето на сопствените резерви на оружје поради испораката на воена помош за Украина.
Инаку, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека од Русија ќе биде побарано примирје за време на Летните олимписки игри, кои оваа година се одржуваат во Париз.
Макрон рече дека изборот што е направен е Русија како земја и нејзиното знаме да не се присутни, но дека спортистите можат да се натпреваруваат со тоа што секој ќе биде многу внимателен на коментарите со голема строгост за да не се случуваат ексцеси.
„Ќе бидеме многу внимателни и по тоа прашање. Ќе се придржувам до тоа, бидејќи мислам дека тоа е порака за мир, меѓународно единство, толеранција“, изјави францускиот претседател.
Летните олимписки игри се одржуваат од 26 јули до 11 август.
Подготвено од А.Ѓ.