21.03.2024 Скопје
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) соопшти дека одобрила пријателски натпревар меѓу репрезентациите на Русија и Србија, како и натпревар меѓу белградскиот клуб „Црвена звезда“ и „Зенит“ од Санкт Петербург.
УЕФА може да потврди дека ги одобри овие два пријателски натпревари.
Здружението изјави дека пријателските натпревари не се дел од натпреварувањето на УЕФА и како такви не спаѓаат во надлежност и одговорност на УЕФА.
„Затоа, потенцијалното учество на руските тимови во вакви пријателски натпревари не е во спротивност со одлуката на Извршниот комитет да ги суспендира руските тимови од натпреварувањата на УЕФА“, соопшти Европската фудбалска асоцијација.
Србија е првата европска репрезентација која игра во Русија од почетокот на специјалната воена операција во Украина.
За утре е закажан пријателски натпревар меѓу репрезентациите на Русија и Србија во Москва, а Руската фудбалска федерација тој натпревар го најави како „братски дуел“.
Два дена по средбата на репрезентациите, на 23 март, актуелниот клупски шампион на двете земји – „Црвена звезда“ и „Зенит“ од Санкт Петербург ќе одиграат пријателски натпревар во Белград.
Српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси најави „полн стадион“ пред заминувањето на тимот во Русија.
„Одиме во Москва да оставиме добар впечаток и да победиме“, изјави Стојковиќ.
Руската сениорска репрезентација и фудбалските клубови, машки и женски, се суспендирани од натпреварувањата на ФИФА и УЕФА.
Подготвено од А.Ѓ.