06.03.2024 Скопје
Полицијата во акцијата „Армагедон“ уапсила седум лица во Белград, Ниш, Пирот и Лесковац, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.
„Постои сомневање дека преку социјалните мрежи влегувале во комуникација со малолетници од свои и лажни профили, праќале фотографии и видеа од порнографска содржина и прибавиле содржини произлезени од експлоатација на малолетник, како и дека договориле средба со малолетници за сексуален однос“, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Србија.
По наредба на Специјалното јавно обвинителство за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград, припадниците на МВР уапсија седум лица поради сомнение дека сториле кривични дела прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и искористување малолетник за порнографија, користење на компјутерска мрежа или комуницирање со други технички средства.за сторени кривични дела против половата слобода врз малолетник и сексуално вознемирување, информираат од МВР.
Уапсени се М.Н. (28), Л.В. (25), Р.С. (36), Д.Х. (43) од Белград, М.М. (19) од Пирот, Д.Ѓ. (24) од Лесковац и Б.В. (58) од Ниш.
Се сомневаат дека подолг период со користење специјализирани апликации за споделување датотеки или со користење на специјални прелистувачи кои овозможуваат прикривање и анонимност на локацијата, како и преку социјалните мрежи од сопствени и лажни сметки, стапиле во комуникација со малолетници, испратиле фото и видео записи од порнографски содржини и добиени содржини кои произлегуваат од експлоатација на малолетник, како и договарање состаноци со малолетници за сексуален однос.
Како што се наведува во соопштението, при претрес на становите на осомничените, преку преглед на компјутерите и компјутерската опрема, поголема количина на видео клипови и фотографии создадени со експлоатација на малолетници во порнографски цели, содржини за сексуална експлоатација на деца на возраст од три години до 14 години и пронајдени други фотографии и видео записи за експлицитна злоупотреба на деца за порнографски цели, како и пораки со сексуална содржина со кои осомничените сексуално вознемирувале деца и малолетници.
На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени до надлежното обвинителство.
За реализација на оваа акција придонесе пристапот до домашната платформа „Те гледам“, како и платформата на Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца (Некмек) од Соединетите Американски Држави, кој е глобален лидер во помагање за спречување на киднапирања и пронаоѓање исчезнати деца и борба против сексуалната експлоатација на деца на интернет, на чија платформа Србија има директен пристап, што е единствен случај во регионот.
Подготвено од А.Ѓ.