04.03.2024 Скопје
Две лица се уапсени за време на потрагата во Берлин по поранешни членови на расформираната терористичка фракција на Црвената армија (РАФ), соопшти Државната криминалистичка полиција на Долна Саксонија, наведувајќи дека во моментов се проверува идентитетот на уапсените лица.
Берлинската полиција претходно објави дека покренала потера по поранешните припадници на РАФ, кои се во бегство повеќе од 30 години, Ернст-Волкер Стауб и Буркхард Гарвег за обид за убиство и разни грабежи.
На една локација при апсењето се слушнале истрели, но нема повредени, изјавила портпаролката на полицијата.
Берлинската полиција претходно изјави дека припадници на полицијата на Долна Саксонија и берлинската полиција се распоредени во потрага по двајцата поранешни припадници на РАФ.
Акцијата започнала околу 7:30 часот, а учествувале околу 130 полицајци. Поранешната припадничка на РАФ Данијела Клета беше уапсена во понеделникот во Берлин.
Таа, како и Стауб и Гарвег, припаѓаше на таканаречената трета генерација на поранешната левичарска екстремистичка терористичка организација РАФ, која беше распуштена во 1998 година. Во 1989 година, припадниците на РАФ го убиле тогашниот шеф на Дојче банк, Алфред Хераузен.
Со децении, од своето основање во 1970 година, РАФ беше олицетворение на теророт во Западна Германија.
Клете, Стауб и Гарвег се бараа за серија последователни грабежи на транспортираните пари.
Подготвено од А.Ѓ.