kurann

14.03.2024 Скопје

Исламската полиција Хисбах во северната нигериска држава Кано уапси 11 муслимани кои биле видени како јаделе храна за време на рамазанскиот пост.

„Уапсивме 11 лица, вклучително и жена која продаваше кикирики, која ја видовме како јаде од нејзиниот производ, откако добивме дојава за тоа. Останатите 10 беа мажи и беа уапсени низ целиот град, особено во близина на пазарите каде што има голема активност“, соопштија од Хисбах.

Портпаролот на Хисбах објави дека уапсените се ослободени откако се заколнале дека повеќе намерно нема да го прекинат постот и додаде дека потрагата по оние кои продолжуваат да го прават тоа продолжува.

Тој нагласи дека немуслиманското население нема да биде уапсено.

„Ние не апсиме немуслимани затоа што тоа не е нивна работа и единствениот пат кога би можеле да бидат виновни за кривично дело е ако дознаеме дека готват храна за да им ја продаваат на муслиманите кои наводно постат“, истакна тој.

Во државата Кано, мнозинството од населението е муслиманско, а таму е на сила исламскиот шеријат.

Шеријатот е воведен пред повеќе од 20 години и е на сила заедно со секуларниот правен систем кој е на сила низ цела Нигерија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author