tusk]

29.03.2024 Скопје

„Ситуацијата во Европа е најлоша од крајот на Втората светска војна и Европејците треба да сфатат дека војната не е поим на минатото, туку живеат во предвоена состојба во која е можно секое сценарио и следните две години ќе решат сè“, оцени полскиот премиер Доналд Туск.

Туск во интервју за неколку европски медиуми изјави дека не сака никого да плаши, но војната веќе не е поим од минатото, туку баш напротив таа е реална, почна пред две години, потенцирајќи дека е свесен како тоа звучи за луѓето од помладите генерации, но мора ментално сите да усвојат дека доаѓа нова епоха, предвоена епоха.

„Шпанскиот премиер Педро Санчез на самитот на Европската Унија побара повеќе да не се користи зборот војна во документите на ЕУ, бидејќи луѓето не сакаат на тој начин да бидат плашени, а во Шпанија тоа им звучи апстрактно“, истакна Туск.

„Тоа што денес предизвикува најголем немир е што е буквално можно секое сценарио. Таква ситуација не сме имале од 1945 година. Одговорив дека во мојот дел од Европа војната повеќе не е апстрактна и дека наша обврска е не да расправаме, туку да дејствуваме и да се спремаме за одбрана“, кажа Туск.

Полскиот премиер во интервјуто апелира да се отфрли размислувањето „што ќе биде ако“, бидејќи главната задача на Западот е одбрана на Украина и да остане независна држава со територијален интегритет.

„Иднината на Украина е главно во наши раце. Не станува збор само за Полска и ЕУ, туку за целиот Запад. Од нас зависи дали Украина ќе успее да ги избегне песимистичните сценарија. Денес ситуацијата е значително полоша од пред една година, но значително подобра од почетокот на војната, кога војниците на Путин стигнаа на работ на Киев“, кажа полскиот премиер.

„Потребен ни е јак сојуз со САД, но истовремено мораме да бидеме независни и самостојни кога станува збор за одбраната. Наша задача е да ги негуваме врските без оглед на тоа кој ќе биде претседател на САД. Нема причина Европејците да не го почитуваат основниот принцип и да не издвојуваат најмалку два отсто од БДП за одбраната“, оцени Туск.

Полскиот премиер кажа дека разбира дека Шпанија и Италија не сакаат како неговата земја да издвојуваат четири отсто од БДП годишно.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author