kisela voda

02.03.2024 Скопје

Тунис ја зголеми цената на водата за пиење и до 16 отсто, што дојде како реакција на сушата која трае веќе пет години.

Цената на водата ќе биде непроменета за малите потрошувачи.

Најголем пораст има кај оние чија потрошувачка е поголема од 150 кубни метри, како и кај туристичките капацитети за кои цената на метар кубен е зголемена за 16 отсто.

Оние кои трошат меѓу 70 и 100 кубни метри вода квартално ќе платат 13,7 отсто, додека цените за потрошувачите на вода од 40 до 70 метри кубни ќе бидат повисоки за околу 12 отсто.

По неколку години суша, просечното количество на врнежи се зголеми во последните месеци, но државните власти оваа недела процениле дека браните во Тунис достигнале само 35 отсто од својот капацитет.

Минатата година оваа северноафриканска земја воведе систем на квоти за вода за пиење и забрана за нејзина употреба во земјоделството, а од минатото лето го прекинува снабдувањето со вода во ноќните часови.

Тунис отвори постројки за бигор вода за да се обиде да го компензира недостатокот на брани во земјата и влијанието на климатските промени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author