ZELNIK

25.03.2024 Скопје

Илјадници посетители од земјава и странство имаше на традиционалната манифестација „Зелникот на баба“ во Пробиштип. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека ова е 11 издание на оваа манифестација.

„Можам да се заблагодарам на сите институции кои се вклучени, за Пробиштип денеска да биде извонреден домаќин, имаме извонредна организација, неколку илјади посетители од градовите од Република Северна Македонија и секако овде се нашите пријатели од Република Србија и Република Бугарија“, вели Анастасов.

Во манифестацијата „Зелникот на баба“ во чии рамки се подготвува зелник на традиционален начин под вршник учество земаат 20 тина групи, од кои пет од Општина Пробиштип. Активно се вклучени пензионерките и пензионерите, но какошто вели Анастасов го радува и присуството на помладите.

Манифестацијата „Зелникот на баба“ во Пробиштип станува препознатлива за граѓаните ширум земјава, а годинава според организаторите имаат рекордна посетеност, кои на лице место можат да видат како се приготвува зелник, а потоа се пече и под вршник. 

Подготвено од М.Д.

About Author