PANCE TOSKOVSKI 2

21.03.2024 Скопје

Шверцуваните мобилни телефони ќе се развијат во интересен случај, смета министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој сподели дел од своите сознанија.

„Факт е дека пред некој ден, минатата недела, имаше интересна акција спроведена од СВР Скопје, во делот на борба против трговија со дрога, при што беше откриена поголема пратка на одредена техничка роба – мобилни телефони. Станува збор за пратка од огромен број на мобилни телефони, вредни огромна сума, којашто, според инфромациите што ги имам, не соодветствува со документацијата што треба да ја има Царината. Притоа, причинета е огромна штета по буџетот на Македонија“, истакна Тошковски.

Министерот информира дека веќе има отвoрено постапка за овој случај и дека процесот го води Обвинителството. Тој коментира дека досега нема ниту еден уапсен, но дека се надева оти во брзо ќе видиме и приведување на некој осомничен.

Подготвено од М.Д.

About Author