05.03.2024 Скопје
Орбита ИНВ ДООЕЛ Скопје, фирма за маркетинг, е нов сопственик на Топланата Скопје Север. Топланата пред неколку дена беше продадена. Според информациите, парите од купопродажба на акциите се уплатени. Но, веќе неколку дена во јавноста не се кажува името на новиот сопственик.
Нејзин сопственик и директор е Ајри Шеј. Компанијата е формирана во 2005-тата година, со основачки влог од над 76.000 евра.
Според податоците на бизнис мрежа, Орбита ИНВ се јавува како сопственик на уште три компании регистрирани во земјава, заедно со бизнисменот од Албанија, Глигор Јоти за кого неодамна имаше написи во медиумите дека е контроверзен поради сомнителни јавни набавки во државава и во Албанија.
Едната од фирмите – „ИТД Дистрибуција“ има неколку тендери со државни институции за канцелриски материјали, втората и третата компанија „Инфософт Системс“ и „ЦПП Услуги ДОО Скопје“ склучиле договори, исто така, со државни институции во земјава за одржување на софтвери и сајбер безбедност.
Претходно беше објавено дека топланата е продадена за 350.000 евра. И во 2022 година имаше обид да се продаде оваа топлана која извесен период имаше финансиски проблеми.
Подготвено од М.Д.