21.03.2024 Скопје
До избор или санкции за судии во предизборието нема да може да дојде, но овие постапките ќе можат да се водат до одредена фаза. На пример, кандидатите ќе може да прават психолошки тестови но, фазата за интервју или избор се става во мирување.
Мнозинството членови даде поддршка за вакво решение откако не беше изгласан првиот предлог да се стави вон сила претходниот заклучок на Судски и со тоа целосно да се тргне рампата за постапките да можат да одат до крај.
Според изменетиот заклучок Советот ќе може да одлучува и според итноста и неодложноста. Но до ваквиот исход дојде по низ неколку часовна дебата, спротивставени правни толкувања и дилеми но и високи тонови обвинувања.
Она што ги разбранува сомнежите на денешната седница е што два пати резултатите од гласањето не го отсликаа расположението од дискусијата, а пак дел од членовите реагираа дека некои говорат едно а друго притискаат на системот за гласање.
Ќе продолжи постапка за избор на два члена, еден од редовите на врховните судии и еден од битолското апелационо подрачје. Дебата за овие точки траеше неколку часа, а истакнувањето на препораките на оценската мисија ја вжешти атмосферата.
Подготвено од М.Д.