27.03.2024 Скопје
Меѓународната банкарска мрежа SWIFT планира да создаде нова платформа за дигитални валути на централната банка (CBDC) во следната година или две.
Во моментов, околу 90 проценти од централните банки воведоа свои дигитални валути или ја истражуваат можноста.
Директорот за иновации на SWIFT, Ник Кериган, изјави дека платформата за дигитални валути веќе е успешно тестирана. Тестовите беа спроведени во текот на шест месеци и во нив учествуваа 38 централни и деловни банки.
Зголемената популарност на криптовалутите, особено биткоинот, доведе до тоа многу централни банки ширум светот да почнат да развиваат сопствени дигитални валути.
Подготвено од А.Ѓ.