27.03.2024 Скопје
Централна свеченост по повод четири години од членството на Република Северна Македонија во НАТО ќе се одржи денеска на платото пред Министерството за одбрана, а ќе биде одбележан и Денот на Генералштабот.
На свеченоста ќе се обратат првиот вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска и директорот на Генералштабот на Армијата, бригаден генерал Симеон Трајковски. Армиската гарда ќе ја изведе показната точка „Егзерцир“, а промовирани ќе бидат и две поштенски марки изработени по повод четири години од членството на во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата.
Пред централната свеченост, во Министерството за надворешни работи ќе се одржи традиционален настан со дипломатскиот кор, со што ќе се одбележи почетокот на Деновите на НАТО во државава, кои ќе траат до 4-ти април.
По повод годишнинатата од членството во НАТО Владата вчера одржа свечена седница.
На 27 март 2020 година, Република Северна Македонија стана триесетта земја членка на Алијансата. Определбата за евро-атлантско интегрирање датира уште од 1993 година, кога Собранието усвои Резолуција, во која се дефинирани надворешно политичките приоритети на земјата, а тоа се членството во НАТО и во ЕУ.
Подготвено од М.Д.