20.03.2024 Скопје
Новиот објект на Одделот за форензички испитувања при министерството за внатрешни работи се уште не е целосно ставен во функција, а голем дел од вработените во овој оддел работат во старите објекти на министерството, истакна техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.
„Зградата за форензика е донација колку што имам информација од ЕУ во делот на изградбата на истата, меѓутоа таа зграда не е ставена во функција целосно и се уште добар дел од лабораториите, оние чисти соби, технички капацитети, вентилатори итн коишто треба да ги има, а се суштествен дел од опремата којашто треба да ја имаат луѓето кои што работат во овој дел во рамки на министерството за внатрешни работи, ги нема, не се обезбедени. Луѓето се уште се во старите објекти.Во новиот дел се префрлени само дел од колегите, но добар дел од колегите се уште не се префрлени и ги нема соодветните услови кои што треба да ги има овој објект“, појасни Тошковски.
Подготвено од М.Д.