07.03.2024 Скопје
Градоначалник Рамиз Мерко ќе седне на обвинителна клупа во Струга, ако струшкиот суд му го потврди обвинението, напишано во Скопје, според кое , во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка , набавил 4 возила меѓу кои и аудито од речиси 67 илјади евра. Кривичниот суд оцени дека не е надлежен да постапува за овој предметм чија истрага почна по една одредба од делото злоупотреба на службената положба која била променета поради измените на Кривичниот законик.
Обвинетиот и обвинителството имаат право на жалба и ако се потврди одлуката на Кривичен наместо Мерко да доаѓа на судење во Скопје, предметот се сели во Струга.
А токму со помош на струшкиот суд, Мерко ја го набавил луксузното возило реагираше антикорупциска уште лани. Судот го зголемил минимумот на средства неопходни за функционирање на општината за да се купи скапото Ауди во 2017 година, иако претходните години тоа било одбивано. Антикорупциска поднела и претставка до Судски совет за тогашниот претседателот на судот но на претставката и се изгуби траг .
Мерко беше ставен на црна листа, не само за вмешаност во корупција туку и за влијание врз судски и други процеси.
Подготвено од М.Д.