https://www.facebook.com/photo/?fbid=3208795819361373&set=a.1641537532753884

01.03.2024 Скопје

Независниот синдикат на судската служба повторно остро реагира и тврди дека Министерството за финансии не дава согласност за исплата на додатокот на плата. Синдикалците бараат да се најде начин за исплата на дадотоците. Ако нема слух за нивните барања, од синдикатот најавуваат целосна блокада на судскиот систем, со одлука за штрајк.

„Се наоѓаме во период на јасно и масовно искажано незадоволство поврзано со платите на судската служба, период во кој веќе подолго време организиравме протести и штрајкови, сѐ со цел да добиеме достоинствени плати при што се воспостави некаква пракса во изминатите месеци за исплата на додатоци за плата до изнаоѓање на некакво прифатливо решение и додека помине изборниот период. Но изгледа, надлежните институции воопшто немаат слух и разбирање за нашата ситуација и се повикуваат на финансиска ограниченост на буџетот на судската власт. Финансиската ограниченост на буџетот на судската власт не може да претставува пречка за пресметка и исплата на додатоците на плата на судската служба“, изјави Јасмина Величковска од независниот синдикат.

Подготвено од М.Д.

About Author