sudstvo

01.03.2024 Скопје

Окружниот суд во САД привремено го блокираше законот во сојузната држава Тексас, кој би ѝ дозволил на полицијата да апси и депортира мигранти кои илегално влегуваат во САД од Мексико.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден покрена тужба за запирање на нацрт-законот наречен „Законот на Сенатот“ /SB4/ кој требаше да стапи на сила следната недела.

Судијата на Окружниот суд на САД, Дејвид Езра, издаде прелиминарна наредба за да се спречи таа да стапи на сила, повикувајќи се на претходни судски одлуки дека „државите можеби немаат овластување за имиграцијата освен ако не се овластени од федералната администрација“.

Според него, „СБ4“ не ги почитува клучните одредби од сојузниот закон за имиграција.

Гувернерот на Тексас Грег Абот најави жалба на одлуката на судот според „СБ4“.

„Претседателот на Соединетите Американски Држави има уставна должност да ги спроведува федералните закони за заштита на државите, вклучително и законите кои се веќе во сила кои одобруваат притворање на илегални имигранти. Тексас има право да се брани бидејќи Бајден постојано не ја исполнил својата должност да ја заштити државата од инвазија на јужната граница“, нагласи Абот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author