27 APRIL SUDENJE

27.03.2024 Скопје

Судењето за случајот со обвинетите организатори на 27 април е одложено за 30 април годинава.

Судијата Илија Трпков, на почетокот на денешното рочиште информира дека членот на Судечкиот совет, судијката Дијана Груевска е службено отсутна и судењето се одложува за 30 април.

Вчерашното рочиште е прво на првостепениот суд, откако  Врховниот суд не ја прифати иницијатива поднесена од адвокатот на обвинетиот Владимир Атанасовски, да одлучат дали амнестијата за упадот во Собранието треба да се примени во предметот организатори на 27 април.

Сега останува на судечкиот совет по предметот во текот на постапката да се произнесе по барањето на адвокатите од одбраната за примена на Законот за амнeстијата на случувањатаод 27 април.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Апелацискиот суд во април годинава ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година, со која Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, екс-министрите Јанакиески и Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК Атанасовски шест години затвор, и предметот го врати на повторно судење.

Процесот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Искра Хаџи Василева.

Подготвено од М.Д.

About Author