https://www.flickr.com/photos/brusse/22806905297/in/photolist-AKnmn8-AMFBaD-AoEoxE-AU4tHq-VRGLdV-S9iErL-27C8gxM-2iF7auB-27C8gDP-27C8gZZ-2ibVnAH-2irBc6Q-2irBcac-27C8gAH-2irBPTY-2ehsQ6K-27C8gNM-27C8gVk-2ecNE5o-2cTAqYX-27C8h7c-2ecNE91-2ecNEdE-2ecNE2N-2iEVC27-2iNvozS-2iNaSoN-21KYkJ7-2iMQTSj-2iNsDq1-2iH1Edq-2iLQvYy-2iLzsin-2iDN2oL-2iDQMJt-2iKyKFr-2ecNE77-27C8gHB-2iKyKDC-S9iEsN-2iFNc9K-27C8gTg-2ieWtwe-2irjv59-2iNvowa-2iNvowA-2iNsDox-2iNsDpV-2iN869W-2iGmyCt

21.03.2024 Скопје

Студентите и раководството на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), денеска во 12 часот ќе одржи протест пред зградата на Владата.

Протестот е согласно одлука на декенатската управа, а целта, како што велат од ФИНКИ, е укажување на власта за потребата од подобрување на условите за студирање на студентите на Факултетот. Посочуваат дека вистински предизвик за управата на факултетот е да ги смести сите запишани студенти, бидејќи, како што велат, со повеќе од 5 000 студенти, ФИНКИ е најброен факултет во државата.

Најавуваат дека на протестот ќе се одржи 25-тата редовна седница на Наставно-научниот совет, каде покрај деканот и продеканите, членови на деканатската управа се и раководителите на институтите и еден член избран од Факултетското студентско собрание.

Од неформалната организација Студентска револуција соопштија дека ќе го поддржат протестот и ги повикаа на поддршка студентите, професорите, како и вработените на УКИМ.

Управата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) на седницата одржана на 18 месецов донесе заклучоци со кои побара Владата на следната седница да донесе одлука за давање на времено или трајно користење, без надомест, на објектот кој се наоѓа на КП бр. 1856, КО Карпош, ИЛ бр. 47924, согласно барањето испратено од Факултетот до Владата на 19 мај 2023 гдоина.  Факултетот бара Владата  да го задолжи Министерството за образование и наука во рок од три месеци да обезбеди простор и да изврши релокација на Бирото за развој на образование, како орган на државна управа во состав на Министерството.

Подготвено од М.Д.

About Author