https://www.facebook.com/photo.php?fbid=320148190154226&set=pb.100064771413898.-2207520000.&type=3

12.03.2024 Скопје

На Украина и треба оружје, а не „бели знамиња“, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изразувајќи го своето несогласување со неодамнешната изјава на папата Франциско.

„Ако сакаме преговори, мирно и трајно решение, патот до таму е да обезбедиме воена поддршка за Украина“, рече Столтенберг, додавајќи дека напредокот на преговарачката маса е нераскинливо поврзан со одржливоста на позицијата на бојното поле.

На прашањето дали ваквата реакција значи дека во овој момент би било несоодветно да се зборува за „бело знаме“, Столтенберг рече дека не е време да се зборува за предавање на Украинците, оценувајќи дека таквата ситуација ќе стане трагедија за Украинците и „опасно за сите нас“.

Папата Франциско апелираше да се започне преговарачки процес за Украина со учество на меѓународни посредници.

Папата Франциско ја употреби фразата „храброст со бело знаме“ за да тврди дека Украина, соочена со можен пораз, треба да биде отворена за мировни преговори со посредство на меѓународните сили, што многумина го протолкуваа како повик до Украина да капитулира.

Директорот на Канцеларијата за печат на Ватикан, Матео Бруни, малку подоцна објави дека папата Франциско не побарал од Украина да се предаде, како што пренесуваат некои медиуми, туку имал намера да повика на прекин на огнот и да укаже на „храброста на преговорите“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author