https://www.flickr.com/photos/libardoni/5346397717/in/photolist-99rFLZ-7K4HaL-orEVv4-eXRJP6-fF7R5s-aHzJpD-VoWtsK-7gGYMD-7HSL7J-5PUSAf-6DRu3p-6w3yKh-6DRsVH-anBrbB-eXRjMd-56Y5eH-cEx7zj-35MTNZ-8oQCT6-qCUAt3-35NPzc-6eMbXG-8vGh6W-oFtdf3-9iMcxC-dxPs5u-dxHYeM-ukvzc-dFibbT-dxHTx4-dxPoys-7n5yks-85f2Jc-7HNzMP-4RWv38-zUuBRd-aYstmx-8oQFDv-7kBJ7F-5SfZf2-eQCZik-81nBAR-7ZPfUn-dxHWtg-2mTtTcn-hSxFbm-dFid7X-2eSWMS7-rygjwT-qTTmcM

04.03.2024 Скопје

Турскиот институт за статистика Туркстат објави дека годишната стапка на инфлација во Турција во февруари се забрза од 64,86 отсто во јануари на 67,07 отсто.

Инфлацијата во Турција е највисока во последните 15 месеци.

На годишно ниво, во февруари, најмногу поскапеле услугите во хотелите, кафулињата и рестораните, за 94,78 отсто, како и во образованието за 91,84 отсто, здравството за 81,25 отсто и превозот за 77,98 отсто.

Храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за 71,12 отсто, алкохолните пијалаци и тутунот за 63,09 отсто, а облеката и обувките за 43,44 отсто.

На месечно ниво, инфлацијата е повисока за 4,53 отсто во однос на јануари.

Годишната стапка на базичната инфлација во Турција исто така забрза во февруари, од 70,48 отсто во јануари на 72,89 отсто.

На 22 февруари Централната банка на Турција (TCMB) одлучи да ја задржи референтната каматна стапка на 45 отсто.

Претходно, почнувајќи од јуни 2023 година, банката осум пати по ред ја зголеми референтната каматна стапка за вкупно 3.650 базични поени.

Централната банка на Турција објави дека референтната каматна стапка ќе остане на сегашното ниво додека не дојде до значителен и одржлив пад на основниот месечен тренд на инфлација.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author