STEFAN ANDONOVSKI

22.03.2024 Скопје

Многу често јавната администрација се занемарува на патот кон Европската унија, вели  дополнителниот заменик министер во МИОА Стефан Андоновски.

„Делот на јавната администрација е дел од првиот кластер кој што се отвора на почетокот на преговори и се затвора последен. А ние за жал во последниот извештај на Европската комисија за прв пат во јавната администрација имаме стагнација“, нагласи Андоновски.

Тој додава дека во некои области дури имаме и уназадување на состојбите.

„Имаме стагнација дури и во области кои што значеле донесување на стратегија, препорака, правилник, изгласување на закон. Значи не станува збор само за имплементацијата во пракса“, додаде Андоновски.

Андоновски вели дека често слушаме дека имаме добри закони, но не се имплементираат во пракса.

„Во делот на јавната администрација дури и законите не соодествуваат на потребите на реформирањето на општеството и европеизацијата на општеството и затоа имаме ние работи кои се во извештајот и работи кои значат стагнација, а државата и владата можела да ги помине со обична стратегија и тогаш да има една нота извештајот“, нагласи Андоновски.

Подготвено од М.Д.

About Author