jagodi

06.03.2024 Скопје

Фитосанитарната инспекција на Република Српска забрани увоз на две пратки јагоди со тежина од 1.370 килограми од Албанија.

Увозот е забранет бидејќи е потврдено дека имаат зголемена содржина на пестициди, соопшти Инспекторатот на Република Српска.

Надлежната инспекција посочи дека се обидува да го контролира овошјето и зеленчукот во согласност со сезонската природа на одредени видови, па со почетокот на сезоната на увоз на јагоди своето внимание го насочила кон нивна контрола.

Медиумите забележуваат дека најголем ризик кај овошјето и зеленчукот е токму недозволената количина на пестициди, како и микотоксините и тешките метали, па овие параметри биле проверени.

Од инспекторатот додаваат дека секоја пратка со увезено овошје мора да биде придружена со здравствен сертификат и потврда издадена од овластен орган на земјата извозник.

Фитосанитарната инспекција на Република Српска минатиот месец забрани увоз на една пратка јагоди од Албанија во вредност од 1.260 килограми и поради зголемената содржина на пестициди, со што досега е забранет увоз на вкупно три пратки од таа земја.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author