14.03.2024 Скопје
Србија и натаму е рекордер во регионот по годишна стапка на инфлација. Според последните податоци објавени во земјите од регионот, Србија е на прво место со годишна инфлација во февруари од 6,4 отсто.
Следат Црна Гора со годишна инфлација од 4,4 отсто (податоци за јануари 2024 година), потоа Хрватска (4,1 отсто), Словенија (3,4 отсто), Северна Македонија со годишна инфлација од три отсто, Албанија со 2,6 отсто. БиХ има најниска стапка на инфлација во регионот, која во јануари 2024 година изнесуваше 1,96 отсто на годишно ниво.
Инфлацијата во Србија во февруари се намалила од 6,4 отсто во јануари на 5,6 отсто во однос на истиот месец лани, објави Републичкиот завод за статистика.
Цените на производите и услугите за лична потрошувачка во февруари 2024 година во однос на јануари 2024 година се во просек повисоки за 0,6 отсто.
Потрошувачките цени во февруари 2024 година во однос на истиот месец од претходната година се за 5,6 отсто повисоки, додека во однос на декември 2023 година во просек се повисоки за 0,9 отсто.
Гледано по главните групи производи и услуги класифицирани според намената на потрошувачката, во февруари 2024 година, во однос на претходниот месец, пораст на цените е забележан во групите алкохолни пијалаци и тутун (2,0 отсто), превоз (1,9 отсто), ресторани. и хотели (1,0 отсто), во групите храна и безалкохолни пијалоци и здравје (по 0,4 отсто).
Подготвено од А.Ѓ.