kozmetika

07.03.2024 Скопје

Царинските службеници на граничниот премин Келебија во соработка со полицијата спречија обид за шверц на поголема количина козметика чија вредност се проценува на повеќе од 11.000 евра.

Случајот бил откриен на 5 март кога на влезната контролна линија пристигнало комбе, при што од Германија кон нашата земја патувал само возачот, кој рекол дека покрај личниот багаж, на царинските службеници пријавил и неколку половни предмети, се наведува во соопштението на Царинската управа.

Комбето сепак било издвоено на детален преглед, а по растоварувањето на пријавените, било јасно дека тие се предница за повеќе од 20 огромни чанти, натоварени со разни производи за убавина.

Со пребројување е утврдено дека има 12.770 парчиња декоративна козметика од познат бренд.

Против возачот е поведена постапка пред надлежен суд до кога ќе се чува шверцуваната козметика.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author