spotify otpusta rabotna sila

26.03.2024 Скопје

Шведската стриминг платформа Spotify тестира нови функции.

Имено, Spotify размислува во својата понуда да воведе едукативни видео курсеви, а соработува и со компании како BBC.

Најмалку првите две лекции ќе бидат бесплатни, а цената на целиот курс ќе се движи помеѓу 20 и 80 фунти, односно од 23,3 од 93,3 евра, без разлика дали корисникот има основен или премиум пакет.

Директорот на Spotify за образование во Лондон, Мохит Џитани, истакна дека компанијата „прво се обидува да види колкава побарувачка има“ со овој тест.

Според него, по тестирањето, компанијата ќе ја оптимизира понудата за да ја направи уште „поубедлива и повозбудлива“.

Spotify се обидува да ја прошири својата понуда и на почетокот на овој месец објави дека корисниците освен што ги слушаат омилените песни, можат да гледаат и музички спотови.

Новата услуга моментално е достапна само во бета верзија на 11 избрани пазари, имено Бразил, Колумбија, Германија, Индонезија, Италија, Кенија, Холандија, Полска, Филипини, Шведска и ОК.

Корисниците во споменатите земји мора да имаат и премиум претплата за да можат да гледаат музички видеа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author