
19.03.2024 Скопје
Дмитриј Полјански, заменик постојан претставник на Русија во Обединетите нации, најави дека на барање на Москва во понеделник ќе се одржи седница на Советот за безбедност по повод 25-годишнината од агресијата на НАТО врз Сојузна Република Југославија.
Полјански изјави дека на 25 март на барање на Русија ќе се одржи состанок на Советот за безбедност на кој ќе се разговара за 25-годишнината од агресијата на НАТО врз Сојузна Република Југославија.
Тој додаде дека тоа не е „само една од кризите“.
„Агресијата на НАТО против Југославија и незаконското одвојување на Косово од неа всушност го скрши меѓународниот систем кој се засноваше на почитување на завршниот акт на Хелсинки. За прв пат во модерната повоена историја на Европа, границите на независна држава беа насилно прекршени“, рече рускиот дипломат.
Според него, бомбардирањето на СРЈ „стана еден вид почетна точка за криза во односите меѓу Русија, која не прифати такво самоволие, и Западот, кој го бранеше на сите можни начини“.
Подготвено од А.Ѓ.