Mediumi

05.03.2024 Скопје

Советот на Европа во годишниот извештај за слободата на медиумите на континентот истакна дека хрватската Влада се обидува да го ограничи правото на медиумите да ги штитат своите извори и да ги критикуваат судовите и обвинителствата, потенцирајќи дека условите за работа на новинарите во Хрватска се загрижувачки.

Иако бројот на убиени новинари и насилството врз нив се намалува, паневропската организација во својот извештај предупреди на закани, притисоци и ограничувања на работата на новинарите ширум Европа.

Како што е наведено, доколку се усвои новиот хрватски закон за медиуми, тој ќе ги принуди новинарите да се регистрираат, ќе им забрани да ја критикуваат работата на судовите и јавните обвинителства, ќе ги принуди медиумите да ги откријат своите извори на нивниот уредник на барање, како и ќе го воведе правото на оштета за оние чии имиња се објавени во медиумите по „незаконското“ стекнување на информации.

Советот на Европа во својот извештај наведе и дека критичарите предупредуваат дека, доколку се усвои, овој закон ќе стави крај на независното новинарство во Хрватска и ќе обликува нова ера на медиуми под државна контрола, неусогласена со европските стандарди.

Подготвено од А.Ѓ.

 

About Author