voena-bolnica-karpos-1068x613

26.03.2024 Скопје

Правосилно стана решението со кое се поништи незаконското позитивно конзерваторско мислење за градење на зградите во болничкиот комплекс кај Воената болница, објави советничката група Независни за Карпош и му порачаа на градоначалникот Стевчо Јакимовски да ја поништи дозволата за градба и со тоа, како што велат од групата, да даде конкретна потврда на сопствените зборови дека е чесен и дека работи согласно законите.

„Еве му шанса на градоначалникот да и покаже на јавноста дека работи чесно и согласно законите, како што деновиве изјавува по медиуми како претседателски кандидат и ставен несреќно на црната листа на САД.

Решението со кое се поништи незаконското позитивно конзерваторско мислење за градење на зградите во болничкиот комплекс на Воена болница, Жан Митрев, Букурешт е ПРАВОСИЛНО.Градоначалникот и надлежните во општина Карпош МОРА да постапат по службена должност и да го поништат одобрението за градење, зошто позитивното конзерваторско мислење беше услов за негово добивање. Градоначалниче, одобрението за градење да се поништи ВЕДНАШ, без одлагање и калкулации!“, се вели во објавата на Независни за Карпош.

Инаку, парцелата каде е во план да никне 17-катен објект се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик Воена болница, сегашна ГОБ „8 Септември“. Според Законот за заштита на културно наследство, за каков и да е проект во тоа подрачје потребно е одобрение од Конзерваторскиот центар.

Конзерваторскиот центар минатиот месец го поништи одобрението, по што инвеститорот вложи жалба која

Подготвено од М.Д.

About Author